Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,208 денари за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 отсто.
Новата малородажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 47,928 денари за килограм, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 85, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 75 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,061 отсто, кај дизелот за 0,419, кај екстра лесното масло за 0,4 и кај мазутот за 3,489 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.