Директорката на УЈП Елена Петрова најавува дека се бара начин како да се оданочуваат производителите во домашни услови,односно оние што прават торти и колачи, изработувачите на накит, како и оние што имаат поставено кафемати.
Таа во интервјуто за “Република“ објасни дека овие лица ќе се оданачуваат со паушал.
За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.