Русија има три стратешки извозни производи преку кои е извозно ориентирана кон Европа, вели универзитетскиот професор Зоран Ивановски во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат. Како што оценува тој, тоа се клучните производи кај кои се очекува промена на цените.
Тоа се: нафтата, 10% од светското производство на нафта отпаѓа на Русија, но 40% од снабдувањето на Европа со гас доаѓа од Русија и 30% од светското производство на житарки е стационирано во Русија. Веднаш да истакнам дека санкциите нема да ја погодат само Русија. Ќе бидат погодени и оние кои ги наметнуваат, рече Ивановски.
Тој потенцира дека цените на горивата, гасот и пченицата во земјава би можело да се очекува да поскапат откако почетокот на војната во Украина предизвика раст на цената на овие производи на светските берзи.
Интервенцијата на ОПЕК не знам дали ќе успее да помогне, така што на пазарот на горивата можеме да очекуваме драстичен раст што секако ќе се преслика, како трошковен импакт и на домашната економија. Во однос на гасот, ситуацијата е слична, рече Ивановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.