Директорката на УЈП Елена Петрова ги смирува граѓаните дека проектот „Мој ДДВ“ ќе продолжи и оти наскоро ќе започне исплатата на парите за второто тромесечие.
Не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објасни Петрова во интерјуто за „Република“.
На прашањето дали ќе има некакви измени, Петрова објаснува.
Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор.
Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.