Од Синдикалната организација „Солидарност“ при Управата за јавни приходи кои вчера почнаа протест за повисоки плати за 30 проценти, најавија дека денеска ќе испратат известување за штрајк до работодавачот и предлог за помирување до Министерството за труд и социјална политика.
Од Синдикатот за МИА велат дека ќе ја реализираат одлуката за штрајкот што беше донесена вчера, ако не бидат исполнети нивните барања и штрајкот би се одржал за околу 15 дена.
Членовите на Синдикатот при УЈП од вчера започнаа со протести на работните места во времетраење од 10 до 12 часот, без да ги извршуваат работните обврски.
Оваа состојба би траела се до стапувањето во генерален штрајк, велат од синдикатот на УЈП.
Нивните барања, кои ги искажаа на предупредувачкиот протест кој се одржа во вторникот пред Министерството за финансии, се потпишување на Колективниот договор, во кој , како што велат,се утврдени неопходните права потребни за функционирање на Оправата, меѓу кои е и правото на зголемување на платите кое е одобрено со член 66 од Законот за буџети, со кој е предвидено нивно зголемување за 30 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.