Рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година е продолжен до 31 јули, ги известуваат земјоделските стопанства од кабинетот на директорот на Агенцијата за финансиска поддшка во земјоделството и руралeн развој.

Во овој период се поднесуваат барања за:

– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,
– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда и гоеници во кланица,
– органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат
во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е: www.ipardpa.gov.mk  – Директни плаќања е-субвенции.

Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи
како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.