Одговорно стојам на тоа дека со овој предлог закон нема да се реши проблемот, вели претседателот на СОНК Јаким Неделков во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, за предлог законот за трансформација на работниот однос на 4.700 просветни работници предложен од страна на СДСМ.
-Ако издвоиме дело досегашниот закон за минимална плата член 8 кој што вели во рок од шест месеци мора да има усогласување на платите со зголемување на минималната плата. Значи само за одредена категорија на вработени имаме зголемена минимална плата а за другите не, иако темата е образование, морам да кажам дека во детските градинки има десет групи на вработени со различни бодови кои што земаат иста плата. Значи неиздржливо е повеќе, балонот е толку надуен што ќе пукне, не може, смета Неделков.
-Морам да изнаоѓаме решенија како ова да се надмине, дециден е тој.
На прашањето дали тој смета дека покачувањето на минималната плата е добро решение, Неделков вели дека е делумно решение и дека СССМ требало да се избори за точка 3 каде што ќе има скалесто зголемување на платите по сите работни места.
Ова е делумно решение за кое што според тоа што знаеме дека програмата на владата беше во 2022 година да е зголеми минималната плата на 18.000 денари, 20.000 во 2023 година, 2024 година 22.000 денари. И сега ние сме во сомнеж дека репрезентативниот синдикат на национално ниво односно дека ССМ не знам колку сериозно преговарал со владата за да се остварат само член 4, точка 1 и 2 од предлог законот за минимална плата. Клучното прашање не е проблем 18.000 нето или 26.4000 бруто, синдикатот мораше да се избори за точка 3 каде што 86,3 проценти од работниците се засегнати, значи ова што го велиме скалесто зголемување на плата по сите работи места. Тоа е клучната работа, рече Неделков.
Според Неделков притисокот како резултат на незадоволство е голем, укажувајќи дека мора да се изнајде решение за 210.000 луѓе вработени во јавниот сектор.
-Мора да изнајдеме начин како ова да го решиме, во спротивно огромно е незадоволството во нашата дејност и не само во нашите, туку во севкупниот јавен сектор вкупно се 210.000 луѓе и очекуваат соодветно скалесто зголемување на платите. Дадовме разумен рок за усогласување на ставовите. До 15-ти март да ги испеглавме нашите барања и во мартовската плата да нема турбуленции. Доколку не дојде до тоа можен е генерален штрајк. Околу 30.000 вработени во образованието треба да им се зголеми платата, во однос на зголемувањето на минималната плата, рече Неделков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.