Во однос на расправата за ребалансот за буџетот која е во тек пратеникот Љупчо Пренџов потсетува дека токму сегашниот премиер Ковачевски како заменик министер за финансии го бранеше сегашниот буџет.

Тогаш Ковачевски велеше дека во тогашните четири кризни состоби оваа влада е многу одговорна и во тој буџет владата гарантира дека нема непродуктивни трошоци. После три месеци тој изјави дека со ребалансот владата ќе се откаже од 200 милиони евра непродуктивни трошоци. Кога лажеше, тогаш или сега?-прашува Пренџов.

Пренџов нагласува дека сите досегашни влади направиле 4,7 милијари евра долг , додека со доаѓањето на оваа власт долгот ќе достигне повеќе од 8 милијарди евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.