Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари. Како што рече денеска, сепак, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), како независно тело, го има последниот збор.

Оваа Влада, истакна Мицкоски, не е феудална, туку според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир.

-Нема да бидам измамник како што беше минатата влада, да кажувам дека Владата ги субвенционира сметките на граѓаните. Тоа не го прави.

Ние сме Влада која според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир.

Ние не сме феудална Влада, туку Влада која треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните дека и покрај тоа што на берзите цената на струјата е 100, 200, 300 евра за мегават час, а тука граѓаните ја плаќаат помалку од 60 евра, дека ние субвенционираме.

Не, ние работиме заедно со граѓаните зашто се грижиме за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекувам дека ќе има поскапување на струјата.

Сепак, секогаш РКЕ е таа што го има последниот збор, истакна Мицкоски.


Извор: МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.