Со измени на Законот за Буџет кои ќе стапат во сила на почетокот на годината министерства, јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост, јавно-приватни субјекти ќе можат да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии.

Министерот за финансии Бесими на брифинг со новинарите вели дека со ова се децентрализирализира вработувањето на државно.

Досега сите јавни институции бараа согласност за Годишен план од Финансии, МИОА или Политички систем, потоа Финансии мораше да даде известување за обезбедени финансиски средства, познато како ,,согласност” за вработување, па дури потоа институцијата објавуваше оглас.

Сега се укинува ,,согласноста за вработување” па институцијата ќе може да вработува само со изјава од раководно лице на институцијата дека се обезбедени средства за вработување.

Ова, според Бесими ќе доведе до индивидуална одговорност кај раководните лица бидејќи ако ги злоупотребеле буџетите на институциите ќе одговарале кривично.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.