Ковачевски под менторство на кланот Заеви не престанува да пљачкосува електроенергетскиот сектор. Склучувале договори во 4 очи без објавување на тендери и тоа во вредност од 200 милиони евра . за секој еден ден од првите 100 дена на Ковачевски тие трошеле по 2 милиони евра дневно, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната собраниска седница.
Лефков истакна дека полека но сигурно ова криминално делување на власта успеа да го уништи ЕЛЕМ гигантот на енергетскиот сектор и само се намалува произведената електрична енергија и сето тоа оди на штета на граѓаните, а се најавуваат и нови задолжувања.
– Тука се и двата неверојатни тендери за набавка на мазут во вредност од 112 милиони и 15 милиони евра, двата историски најголеми тендери за надворешна механизација од 19 милиони евра и 5 милиони евра, и тука не завршуваат па во 2022 склучени се нови договори во 4 очи за ангажирање на надворешна механизација и додека се делат милионски тендери вработените во РЕК Битола немаат добиено опрема за работа, нагласи Лефков.
Лефков исто така посочи и дека пред секое покачување на струјата имаме хаварија во РЕК Битола.
– Видовме запалени блокови, запалени трансформатори, деновиве гледаме поплавени багерски единици и никој не сноси одговорност. Огромни средства државни пари се одлеваат поради нивната неспособност, изјави Лефков.
Тој потенцираше и дека оваа влада ветуваше дека фотоенергетската електрана Осломеј од 10 мегавати ќе биде готова во јануари 2020 година, реализацијата на проектот сите гледаме дека се одвива споро и дека доколку Осломеј 2 и Битола не ја запазат динамиката би се плаќале дополнителни средства и секој инсталиран мегават час ќе чини поскапо од предвиденото
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.