Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,19% во однос на одлуката од 31.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,045%, кај дизелот намалување за 1,262%, кај екстра лесното масло намалување за 3,443% и кај мазутот зголемување е за 0,827%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,859%.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 4.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.