Сојузот на синдикати на Македонија објави денеска дека е потпишана спогодбата помеѓу синдикалната организација и раководството на АД Пошта со која на вработените ќе им се зголемат платите за 3.000 денари.
Со посредство на ССМ и претседателот Дарко Димовски, Синдикат на Македонска пошта, претставуван од претседателот Боро Велигденов и СО на АД Пошта на Македонија претставуван од претседателот Младен Стојановски со Васко Стефанов, Директорот на Пошта на Македонија по интензивните преговори и одржаниот Штрајк, на 09.05.2022 година потпишаа Спогодба за постигнување на согласност со која ќе биде регулирано зголемувањето на платите на вработените во технолошкиот процес во Пошта започнувајки од јуни 2022 година, а за раководен кадар од август 2022 година во висина од 623 бодови или изразено во паричен износ за 3.003 денари“, соопшти ССМ.
Од таму додаваат дека претходно штрајкот завршил со успех на синдикатите и сите барања биле прифатени и се детално разработени во Спогодбата.
Социјалниот дијалог и учеството на ССМ во процесот на преговарање и организирање на штрајкот на вработените во АД Пошта го даде посакуваниот резулатат во интерес на работниците и работодавачот, додаваат од синдикалниот сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.