Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) постигна договор со раководството за исполнување на нивните барања. Договорот е постигнат со посредство на медијаторот Илија Манасиев.
Детали засега нема, но она што го бараа вработените е почитување на колективниот договор и зголемување на платите за 30 проценти.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска во емисијата „SummerClick“ на ТВ21 кажа дека договорот е постигнат во петокот и најави дека вработените ќе добијат зголемување на платите.
Во петокот беше потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП и беше добиено позитивно мислење од Министерството за финансии – рече Лукаревска.
Во изминатиот период вработените во УЈП протестираа и најавија генерален штрајк.
За помирувач првично беше назначен Лазар Јовевски кој побара изземање затоа што не беше во државата, по што на негово место беше назначен Илија Манасиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.