За 1,5 денари поскапуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) цената останува иста.
Цената на Мазутот М-1 НС исто така се зголемува за 0,6 денари и ќе чини 42,4, а зголемување од 1,5 денари има и кај Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) кое ќе чини 71,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продаваат за 81,5 денари, односно за 83,5 денари по литар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.