Македонска пошта повторно започна со прием и испраќање на мали пакети и препорачани пратки до два килограми кои содржат предмети/стока за Соединетите Американски Држави.

За навремено пристигнување пратки во одредишните земји во светот од Пошта потсетуваат на обврската за точно и прецизно пополнување на царинската декларација образец CN 22/23.

Авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки, сé уште вршат промени на летовите на дневна или неделна основа, па со оглед на тоа очекувани се задоцнувања во транспортот, велат од Пошти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.