Граѓаните оваа есен ќе штедат и на зимница. Велат, поради зголемените трошоци нејзината подготовка веќе станала луксуз. Најмногу ќе се штеди на правењето ајвар. Поради високите цени на маслото и дрвата, дел од граѓаните воопшто нема да го прават овој деликатес, други пак, нема да се откажат од традицијата, но ќе ги намалат количините.
Дека потрошувачката на популарната ајварка е намалена и на пазарите на мало потврдуваат и производителите. Велат, годинава интересот за неа бил значително послаб, а побарувачката речиси преполовена во однос на претходните години.
Во моментов црвената пиперка ајварка во откупните центри се предава по цена од 20 до 30 денари во зависност од нејзиниот квалитет, додека на пазарите на мало таa се продава помеѓу 30 и 50 денари за килограм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.