Во индустриската зона „Речица“ кај Куманово денеска ќе биде претставена најголемата инвестиција на меѓународниот малопродажен синџир „Лидл“ во Македонија.

Станува збор за подготвителни активности за изградба на логистички и диструбутивен центар на „Лидл“. Според најавите на компанијата, логистичкиот и диструбутивен центар ќе се простира на околу 200.000 метри квадратни, инвестицијата е вредна околу 80 милиони евра, а планирани се повеќе од 150 вработувања.

На настанот, покрај претставници на „Лидл“, ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, германската амбасадорка Петра Дрекслер и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.