Откако правилникот за штетни материи во тутунските производи беше вон сила и никој не вршеше надзор, конечно е донесен нов правилник. Акредидтираните лаборатории во областа на тутунот обвинува дека Љупчо Николовски со неблаговремено носење на нов правилник дирекно одговорен за јавното здравје поради не вршење должен надзор во тутунот и производите од тутун на штетните материи од загадувачки контаминенти и тешки метали. Но еден месец по укинувањето на правилникот велат почнале да работат и да ја обавуваат основната дејност на испитување на земени мостри од тутун за констатирање на штетните материи во тутунот и токсичните состојки во тутунските производи.
Република објави дека „Правилникот за видот на штетните материи, како и начинот и методите за земање на примероци за утврдување на штетните материи и другите загадувачки контаминенти (физички, хемиски, и биолшки) во обработениот тутун и производите од тутун е ставен вон сила уште од 14 февруари 2024 година, односно е укинат со Одлука на Уставниот суд и дека воопшто не се врши инспекциска контрола од страна на Државниот Инспекторат за земјоделство. Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски после еден месец донесе нов правилник, но без образолжение зошто правилникот се носи толку доцна и кои се последиците од непостапувањето особено врз консументите на тутун.
Повеќе од јасно е дека неблаговременото постапување за донесување на нов правилник особено во време на откуп на суровиот тутун во лист, покажува несериозност на Владата на Република Македонија претставувана преку Љупчо Николовски бидејќи во изминатиов период директно беа повредени и кршени протоколите и одредбите на меѓународниот потпишан договор преку Закон за ратификација на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската Трговска организација објавен на 23 мај во 2006 година во службен весник број 68 или на мегународната организација во која членуваме од 2006 година. Останува нејасно за јавноста зошто во изминатиов месец дена Љупчо Николовски свесно знаејќи ги труеше корисниците на тутун, со невршење на контрола на присуство на тешки метали кадмиум, олово, жива, арсен, хром, никел кој беа предвидени за контрола со поблискиот пропис кој беше укинат преку земање на мостри, но и за контрола на резидиуми од активни супстанции. Откупот на тутунот е завршен, останува нејасно за јавноста зошто не се земаа мостри од страна на Државниот инспекторат за земјоделство при обработката на тутунот и прометот, на производите од тутун и сродните производи во однос на нивниот кавалитет, при увозот и звозот, за утврдување на штетните материи во обработката и прометот на необработениот и обработениот тутун. Молкот на Љупчо Николовски како ресорен министер, зборува многу. Дали се тоа ЕУ стандардите за кој се залага Владата на Република Македонија? – коментира нашиот соговорник, познавач на состојбите во земјоделието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.