За сите штети од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги поплавите во Арачиново, како и земјоделците од Преспа, ќе бидат исплатени пет милиони евра, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Според Николовски, на последната владина седница, во вторникот, се усвои збирниот извештај кој опфаќа 29 општини и се утврдија 10 отсто за обесштетување.
Износот на штета што ќе биде исплатена е 300 милиони денари. На следната седница Министерството за финансии е задолжено да ги подготви одлуките за исплата и парите да бидат префрлени на оштините, а оттука и на апликантите кои имале штети. Во овој збирен извештај е опфатена и Општина Ресен. Верувам дека средствата ќе бидат исплатени во најбрз можен рок. Се што требаше, Владата направи, нагласи министерот.
Тој потсети дека за обесштетувањето требало да се сменат два закона за земјоделство и за заштита и спасување, по што била донесена нова методологија, а се формирала и нова државна комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.