Вчера бевме сведоци каде премиерот со министрите направи еден спектакл од наводни мерки за директна помош на граѓаните во услови на криза. Граѓаните се свесни дека тоа е тековна обврска на Владата, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на денешната собраниска седница наменета за поставување на пратенички прашања.

Министерката за труд и социјална политика вчера стоеше позади премиерот и не кажа ништо, а очекуваме да каже што е со околу 500 илјади граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија и дали сте се запрашале како тие луѓе живеат со 100 денари дневно, кажа Пешевска.

Пешевска посочи на тоа дали воопшто се има чувство кон граѓаните во оваа држава бидејќи секојдневно цените во маркетите растат, лебот, млекото, месото. Сиромаштијата не покоси сите и јадењето на месо веќе станува луксуз освен за Владата на Република Македонија.

Знаете ли што значи енергетска сиромаштија? Енергетски сиромашен граѓанин, е граѓанин кој не може да плати трошоци за енергетски услуги како што се греење, осветлување, користење на електрични апарати или затоплување во домот, потенцираше Пешевска.

Пешевска кажа дека не само од ВМРО-ДПМНЕ, туку и корисниците на додатокот за минимална помош бараат да се зголеми додатокот и ја запраша министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, Дали во иднина планира да се покачи овој додаток за гарантирана минимална помош?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.