Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, оствари средба со велешките пензионери кој директно од пензионерите имаше можност да ги слушне проблемите со кои се соочуваат, но и да им ги понуди решенија кои идната владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги направи за нив.

На средбата еден од пензионерите го поздрави претседателот Мицкоски за тоа што лично дошол да разговара со нив за проблемите кои ги имаат, како и кои се нивните реални потреби и што бараат од власта која ги игнорира.

Ова е прв лидер на политичка партија да конечно не посети и да ги слушне нашите, односно вашите проблеми. Прв би рекол имаше сенс и осет за нашите проблеми, и еве дојде лично да не посети и да види што тоа ние пензионерите од Сојузот за достоинство на пензионерите ќе се пожалиме, што ќе кажеме и што реално бараме од моменталната власт, рече еден од присутните пензионерот и додаде дека во моментот половина од пензионерите се на работ на егзистенцијата.

На Македонија оваа година за прв пат од своето постоење на Македонија и се случуваат пензионери, нешто што ниту една сериозна држава не треба да си го дозволи, од 336.000 пензионери во Македонија, бројка е варијабилна, некаде половина се на работ на егзистенција.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека наместо пензионерите да уживаат во своите пензионерски денови, тие протестираат на улиците, бидејќи власта не им ги исполнувања барањата за зголемување на пензиите.

Јас имам родители кои се исто така пензионери и она кое што денеска се случува во Македонија, кога ги гледаме пензионерите кои наместо да уживаат во своите пензионерски денови, тие протестираат. Протестираат од три причини кои што се основни зошто се доведовме во оваа ситуација. Првата причина е што пред неколку години беше напуштен стариот систем на нивелирање на пензиите кога пензиите се нивелираа по два основи и тоа е грешка на оваа влада. Зошто тоа се случи? Тоа се случи поради втората причина, а тоа е многу од средствата кои што требаше да бидат наменети за пораст на пензиите завршија во недомаќинско трошење односно во тендери во четири очи, рече тој.

Мицкоски додаде дека има пари доволно но доколку тие завршуваат во граѓаните, наместо како сега што завршуваат во џебовите на корумпираните политичари од власта.

Ние денеска имаме еден проект којшто се уште за жал не е почнат да се гради, лопата не е фрлена, шајка не е закована, а се потрошени повеќе од 200 милиони евра. Тоа се доволно пари за да може најголем дел од вашите барања да бидат задоволени, но за жал овие пари завршија во приватни џебови и во џебови на корумпирани политичари. Тоа се пари кои што треба да завршат кај граѓаните во случајот дел кај пензионерите, дел кај другите и така натаму. Но, тие завршуваат таму каде што не треба да завршат, тоа е само како мал дел, нагласи претседателот Мицкоски.

На крај, претседателот Мицкоски им порача на пензионерите дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите на пензионерите.

Ние, како ВМРО-ДПМНЕ не можеме да излеземе во јавноста и да ветуваме чуда. Прво, не ни дозволува нашиот карактер, нашиот минат труд и на крај ние не сме чудотворци, но можеме да ви ветиме дека ќе биде многу, многу подобро од тоа што е сега, и можеме да ви ветиме дека дел од овие средства кои што се наменети за богатење на корумпирани политичари ќе завршат кај вас. Како ќе завршат? Преку зголемени пензии, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.