Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2022 година, и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.05.2022 година.
Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година.
Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.