Не е проблем само цената, туку и достапноста на пелетите. Ова е реалноста на пазарот кога станува збор за пелетите. Една од алтернативите за „чисто“ греење, кое што не ја загадува околината и за кое што властите во изминатите неколку години континуирано објавуваат огласи за субвенционирање на домаќинствата за да се греат на пелети, сега станува сериозен проблем, пишува Блумберг.

Пелети едвај се наоѓаат, а тие сега се продаваат за два и пол пати поскапо. Ако во нормални пазарни услови вреќа пелети (15 кг) чинеше од 180 до 210 денари, сега се продава по цена од околу 500 денари.

Со оглед на тоа дека сега набавната цена надминува 450 денари, трговците веќе немаат математика да работат со увоз и продажба на пелети.

Македонија е увозно зависна од пелети
Македонија е увозно зависна кога станува збор за пелетите за греење. Според трговците, годишната просечна потрошувачка на пелети изнесува околу 120.000 тони, а во Македонија се произведуваат едвај 20 отсто.

Проблемот со пелети не е само во нашата држава. Недостигот од пелети всушност произлегува од енергетската криза. Еден од поголемите увозници и трговци со пелети во нашата држава вели дека многу од нивните сериозни партнери од странство, со кои соработуваат многу години, сега немаат пелети за Македонија.

Целиот текст на Блумберг Адриа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.