Најевтина струја е таа која што ќе си ја произведеш сам, порача претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, критикувајќи затоа што државата не го искористи периодот за да го зголеми домашното производство.

Тој во вечерашното гостување на Топ тема на Телма, истакна дека стопанствениците имаа неколку предлози за Владата, меѓу кои се формирање на заеднички фонд за набавка на енергенси и да се дозволи купување на дел од акциите на ЕСМ од страна на компании и физички лица. Со тоа, според Азески, сите би имале интерес од доброто функционирање на АД ЕСМ.

Кај стопанствениците уште пред една година имало идеја, доколку Вадата не успее навреме да ја реши енергетската криза, тие самите да соберат средства и поради набавка на поголема количина, да добијат пониска цена. Предлогот повторно бил даден пред 7 месеци, кога цената била 118 евра, додаде Азески.

Тој истакна дека се разгледуваат два начини како стопанството би можело да закупи поевтина струја, формирање на заеднички фонд или пак би влегле во некекви сопственички структури на компании кои што продаваат струја.

Според него во штедни вогови во банките граѓаните моментално чуваат 7 милијарди денари. Доколку ЕСМ дели повисоки дивиденти, тие би ги префрлиле средствата таму, сите би имале интерес за доброто работење на компанијата.

Втората работа, според претседателот на Комората, е создавање на посебен фонд, со државата, или самите, преку кој што ќе може да се интервенира со купување на други енергенси.

– Ако сакаме добивка, мораме да преземеме ризик – порачува Азески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.