Мрежата на НЛБ банка од утринава е падната.
Од банкоматите не може да се повлекуваат пари.
Ве известуваме дека нашата ATM мрежа моментално се соочува со технички проблем и како резултат на ова, подигнувањето готовина од банкоматите на НЛБ Банка е привремено оневозможено. Нашите тимови работат на решавање на проблемот. Доколку имате итна потреба од подигнување на готовина од вашата трансакциска сметка, ви препорачуваме да ја посетите најблиската експозитура на Банката. Подигнувањето на средствата ќе ви биде овозможено без надоместок, велат од банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.