Австриската нафтена и гасна групација ОМВ (OMV) денеска соопшти дека го открила „најголемото поле со гас во Австрија во последните 40 години“, изразувајќи надеж дека тоа може да ја ограничи зависноста од Русија.
Компанијата наведе дека полето е откриено во Долна Австрија, источно од Виена, по пет месеци работа.
Полето со гас на длабочина од 5.000 метри може да го зголеми производството за 50 проценти.
Историски поврзана со рускиот државен гигант Гаспром, компанијата ОМВ се обидува да ги умножи своите извори на снабдување од почетокот на руската инвазија на Украина, но продолжува да добива гас од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.