Министерот за надворешни работи Бујар Османи и директорот на националниот оператор за електрична енергија МЕПСО, Орхан Муртезани, денеска беа задолжени за дочекот на бугарскиот премиер Кирил петков и делегацијата што ја предводи.
На агендата беше посета на трансформаторската станица Битола 2 на АД МЕПСО, кој енергетски ги поврзува РМакедонија и Албанија, и преставува дел од поширокиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување, дел од Коридорот 8, преку кој Бугарија ќе може да извезува струја на европскиот пазар.
Оваа инвестиција ќе преставува уште еден капитален енергетски проект, дел од Коридорот 8, преку кој сите земји ќе имаат бенефит: Република Македонија – да овозможи транзит и дополнителна диверзификаија на снабдувањето со електрична енергија; Република Албанија ќе добие пристап до изворите на енергија во Македонија и Бугарија; додека Република Бугарија ќе добие можност да ја поврзе својата мрежа со најзападните делови на Балканот, и со тоа можност да го понуди вишокот на електрична енергија и на европскиот пазар, напиша Османи на Фејсбук.
На средбата што се одржа во ТС Битола 2 гостите се запознаа со динамиката и бенефитите од изградбата на 400 kV далекувод како дел од паневропскиот Коридор 8.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.