Постапките за вработување во институциите во јавниот сектор ќе продолжат и ќе се довршат во согласност со законите кои важеа во моментот кога се распишани огласите за вработување, соопшти Министерството за јавната администрација.

Минатиот месец министерството ги сопре сите вработувања во јавната администрација откако Уставниот суд реши да ја испитува уставноста и законитоста на механизмот балансер, со кој се обезбедуваше правична застапеност на заедниците во вработувањата. Минатата недела Судот го укина балансерот, односно укина повеќе одредби од Законот за вработените во јавниот сектор во кои се споменува терминот „припадник на заедницата“.

Од Министерството за јавна администрација појаснуваат дека огласите ќе се довршат, но во постапките нема да се применуваат укинатите законски одредби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.