Општините Радовиш, Конче и Василево постигнаа енергетска ефикасност како резултат на проектот „Одржлив и рамномерен регионален развој“ фаза 2 кој го реализира Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија, а во чии рамки досега се поставени фотоволтации на две локции на подрачје на Радовиш во насока на создавање на енергетски ефикасен регион.

Според министерот Златко Перински, кој беше во посета на Општина Радовиш, овој проект е одличен пример како може да се искористат 300 просечни сончеви денови во југоисточниот регион.

Ова претставува клучен фактор за одржлив развој, за унапредување на животниот стандард со оглед на тоа дека со овој проект се создаваат услови за намалување на потрошувачката на електрична енергија што директно влијае на економскиот раст. Во случајов, не само што го промовираме користењето на обновливи извори на енергија, туку овозможуваме долгорочна енергетска сигурност што влијае и на унапредување на квалитетот на живот. Ова е и одличен пример за меѓуопштинска соработка и сметам дека може да се реплицира и во други општини и региони. Со имплементацијата на овој проект се вклучуваме и на трендот за искористувањето на обновливите енергетски потенцијали за зачувување на природната околина, а позитивно влијаеме и на енергетските состојби во целата земја, посочи Перински.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.