На првиот обид на денешната собраниската седница, целата пратеничка група ја напушти салата во знак на револт за прекршување на Деловникот, и одбиениот предлог да се тргне од дневен ред точката за именување на нов член на местото на разрешениот Фадил Зендели од БЕСА. Од владејачката СДСМ повторија дека измената во составот на оваа комисија е само рефлексија на мнозинството. Ја повикаа опозицијата да даде предлози за работните тела кои не функционираат поради изпразнетите места.

На местото на Зендели за нов член на Комисијата за избори и именувања е предложен пратеникот Дарко Каевски од СДСМ, а на претседателската позиција пратеничката Марија Георгиевска, исто од владејачката партија. Сепак, на седницата немаше кворум од минимум 61 пратеник и дневниот ред остана неусвоен.

Претходно власта ги одби и предлог-законите на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизите на горивата и укинување на ДДВ-то на прехрамбените производи. Според пресметката на ВМРО-ДПМНЕ, со нивниот предлог бензинот ќе беше поефтин за 13, а нафтата за девет денари, наспроти владиното решение со кое акцизата на горивата се намалува за еден денар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.