Од утре поскапуваат дел од млечните производи, а за ова предупредување добиле дел од трговците. Според информациите на Телма дел и од млекопроизводителите потврдиле дека од понеделник млекото ќе има нова повисока цена. За колку точно ќе се зголеми не се знае, а причината за растот се скапите енергенси.

-Во ситуација кога имаме континуиран бран поскапувања во сите производни сегменти, почнувајќи од примарното млекопроизводство и зголемувањето на цената на добиточната храна, што се одрази со зголемување на откупната цена на млекото за 40% само од август ланската година до овој август, како и повеќекратниот раст на цените на енергенсите, Бимилк како одговорна компанија и најголем производител на млеко и млечни производи во текот на целиот период од почеток на кризата има направено неопходни корекции на цената на своите производи. И ние како останатите во индустријата ги очекуваме најавените мерки за поддршка на бизнис секторот за да овозможиме поизедначена позиција во ланецот на млекопроизводство, се вели во дописот од Бимилк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.