Поради повеќе нерешени проблеми во лозарството, од здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“ за во недела најавија протест и блокада на патот Кавадарци – Неготино.
-Од 11 до 13 часот ќе имаме протест. Затоа сега ги поканувам сите лозари од Тиквешијата да дојдат бидејќи работата е за никаде. Нашите барања министерството ги знае, но ништо не преземаат. Имаме проблеми со наводнувањето, неисплатеното грозје, неисплатени средства за измрзнување на овошните насади, на некои исплатија, на некои не, имаме неисплатени средства за сушата…., посочија тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.