Цената на бензините се зголемува за 0,5, односно за 1 денар, додека цената на дизелот ќе се намали за 0,5 денари. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари и од 00:01 часот ќе се продава по цена од 83 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се зголеми за 1 денар, и ќе се продава по цена од 85,5 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе изнесува 76 денари по литар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.