Од полноќ поевтинува мазутот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според новата одлука на РКЕ, мазутот ќе се продава по цена од 44,996 ден/кг.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти. ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денари за литар, ЕУРОСУПЕр БС-98 по цена од 83 денари за литар, а дизелот по цена од 80,5 денари за литар. Останува иста и цената на Екстра лесното масло за домаќинство – 80 денари за литар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.