Од полноќ ќе важат нови цени на горивата.
Цената на дизелот се намалува за два денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар. Цената на бензините останува иста.
Малопродажната цена на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81,5 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 83,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 85,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа новата цена ќе биде 56,130 ден/кг.
Со оваа најнова одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.