Малопродажната цена на мазутот М-1 НС од ноќеска на полоќ се зголемува за 1,222 денари за килограм, а цениte на бензините, дизелот и на eкстра лесното масло за домаќинство остануваат исти (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Килограм мазут М-1 НС од ноќеска ќе се продава по 45,680 денари, а останува цената на еуросупер БС – 95 ( 81 денар за литар) на еуросупер БС – 98 (83 денари за литар) и на еуродизел БС ( 74 денари за литар).
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.