Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за реконструкција на 10 улици во три општини, во рамки на проектот за “Поврзување на локaлни патишта во општините”.
За општина Велес, јавниот повик се однесува за реконструкција на 6 улици и тоа:
-дел од ул.Живко Фирфов
-дел од ул.Благој Ѓорев
-дел од ул.АСНОМ
-дел од ул.Андон Шурков
-дел од ул.Лазо Осмаков
-дел од ул.Орце Мартинов,
За општина Чашка, јавниот повик се однесува за реконструкција на :
-ул. Ацо Шопов,
-ул. Коста Кирков,
-улица во н.м. Мелница
За општина Виница, објавен е повик за реконструкција на локален пат с.Блатец – с.Делтово.
Средствата за реконструкција на конкретните улици се обезбедени од Владата на Република Македонија, преку проектот за подобрување на локалните улици и патишта кој е со вкупна вредност од 70 милиони евра. Целта е подобрување на урбаното живење во рамки на општините заради локален економски развој и подобрување на животот на граѓаните.
Во рамките на овој проект, до сега опфатени се 46 општини или 94 улици со вкупна инвестиција од преку 17 милиони евра. Министерството за транспорт и врски континуирано работи на реализација на овој проект во сите општини во Република Македонија. Воедно упатуваме и апел до сите општинте кои до сега не аплицирале, да достават готови проекти заради навремено искористување на средствата предвидени со овој проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.