Ново поскапување од најмалку 10 отсто на цената на струјата им се заканува на домаќинствата од јули. Наместо вината да ја гледа кај себе, директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вели дека ова е резултат на малверзации на дел од општините.

Од РКЕ обвинуваат дека за само 3 месеци општините за да си ги скусат трошоците за струја формирале јавни претпријатија преку кои си обезбедувале струја по цена за домаќинствата и за само 3 месеци направиле долг од 30 милиони евра.

Тврдат дека бараат начин како овој трошок од општините да не падне на товар на граѓаните и да не им се пресмета во крајната цена на домаќинствата.

Верувам дека ќе се објават кои се тие општини и граѓаните да знаат дека општините не се грижат за нив измислуваат разни финти за да се вратат на регулиран пазар и заради тоа овој трошок од 30 милиони евра, значи 10 отсто зголемување на цената за граѓаните и тој трошок РКЕ ќе го префрли назад кај сите тие општини и на крај на памет не ми е тој товар повторно да го преземе РКЕ, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски

Во овие 10 посто раст кои ги најавува Регулаторна комисија за енергетика, не се пресметани трошоците од енергетските компании и цената од ЕСМ од која најмногу зависи крајната цена за граѓаните. Дел од компаниите веќе доставиле барање до РКЕ, се чека уште од МЕПСО.

Општините пак подолг период се жалат дека нивните сметки се за струја се пораснати 5 до 6 пати.

Во меѓувреме Регулаторна крои тарифник со кој цената на струјата во скапата тарифа ќе зависи од потрошувачката. Бислимовски открива дека се разгледува опцијата над 250 киловати потрошена струја на граѓаните да им се тарифира по повисока цена.

Според Билимовски, единствен спас за голем пораст на крајната цена ќе биде ЕСМ да обезбеди 100 посто од потребите на ЕВН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.