Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 20.04.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит и ќе изнесува 84,50 ден/лит.
Од 22.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,086%, кај дизелот има зголемување за 0,807%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,890% и кај мазутот зголемувањето е за 0,031%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.