Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од вечерва на полноќ се намалува за 2 денари по литар, и ќе изнесѕува 82 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 и на ЕУРОДИЗЕЛ остануваат непроменети, односно ќе се продаваат по 80 денари по литар, и 73 денари по литар.

Останува истата и цената на екстралесното масло 72 денари по литар, додека цената на мазутот исто така е непроменета, и ќе се продава по 43,2 денари по килограм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.