Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цената на горивата којашто ќе важи од полноќ.

Исполнети се предусловите, РКЕ ќе носи одлука за цена на горивата со сила од ноќеска на полноќ, вели портпаролката на РКЕ Марина Узунов.

Според последната одлука на РКЕ донесена во понеделникот, цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 е 84,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 86,50, на ЕУРОДИЗЕЛОТ 86,50, а на Екстра лесно масло 82,50 денари за литар



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.