Двоцифрената инфлација во државата го изеде стандардот на граѓаните.Ниту просечната, а камо ли минималната плата, може да го покрие драстичното зголемување на цените во продавниците на сите продукти без исклучок.
Поради неспособноста на власта и криминалот кој го прават секој ден инфлација во Македонија достигна 17.1%.
СДС се фалат со покачување на минималната плата додека во државата живеат над половина милион граѓани на работ на сиромаштијата.Заслепени од криминалот само минатата недела, државата загуби скоро 40 милиони евра на име на камати и пропадната еврообврзница,смета ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо помош кон стопанството и граѓаните, криминалците од СДС и ДУИ изгубија милиони евра заради инает, кавги и превирања во владата.
За колку проценти ќе ја зголемеа минималната плата или пак пензиите на пензионерите со овие 40 милиони евра загубени заради пенали за неизградбата на Клинички центар и пропаднатата еврообврзница.
На колку компании можеа да им помогнат за истите да не затворат или пак им го олеснат процесот на производство со овие 40 милиони евра.
Неспособноста и криминалот на СДС и ДУИ го плаќаат граѓаните. Колку побрзо си заминат од власт толку подобро и за државата и за граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.