Царинската управа е важна алка којашто треба да овозможи економска трансформација и остварување повисоки стапки на раст преку подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на економијата. Ова се суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Виктор Мизо.

Како што сооштија од царинската управа, на средбата од двете страни било истакнато дека Царинската управа преку спроведување на реформски мерки и политики треба да придонесе кон привлекување на нови странски инвестиции, проширување на производството и зголемен извоз на производи со поголема додадена вредност.

Директорот Николовски истакнал дека континуираниот дијалог со компаниите е многу важен се со цел креирање мерки и политики чијашто цел ќе биде видлива и мерлива со зголемена конкурентност на компаниите.

На состанокот било договорено Царинската управа да има редовни средби со компаниите се со цел навремено решавање на клучните прашања, но и унапредување на мерките со економски ефект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.