Малите семејни винарии се наша успешна приказна на која сите треба да бидеме гордиистакна денеска при посетата на малата винарија Брзанов во скопско Трубарево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Испишувањето на оваа успешна приказна за развојот на малите семејни винарии, започна во 2019 година, создавајќи законска можност за регистрација на физички лица како производители на вино.

„Нашите вредни лозари, кој со години за своја душа си произведуваат убаво домашно вино, на овој начин добија можност, да создадат мала семејна винарија со капацитет до 50.000 литри. Можност да своето вино, произведено од сопствено грозје, да го продаваат слободно и легално од куќен праг. Затоа креиравме посебна, нова, програма за поддршка на малите винарии. Програма со која преку грант поддршка до 10.000 евра ги поддржуваме малите винарии да набават опрема за производство“, истакна министерот Николовски.

Дека оваа програма е прифатена од земјоделците и дала резултати говорат и бројките. Денеска, благодарение на добрите политики креирани од министерството имаме рекордна бројка од 173 регистрирани мали семејни винарии, кои може да се сретнат насекаде низ државата.

„Преку транспарентна и законска постапка, од двата јавни повици, до сега со грант поддршка за набавка на опрема за производство се поддржани 145 мали винарии. Секоја една мала винарија, која аплицирала на некој од овие два повици и притоа во целост ги исполнувала условите, добила грант поддршка за набавка на опрема. Резултатите и бројките се јасни. Денес имаме вкупно 255 регистрирани винарски визби во државата. Само за споредба пред 2019 година да се овозможи регистрација на малите винарии, бројката на регистрирани винарски визби била 71 винарска визба“, истакна министерот Николовски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со лозарите, винариите, здруженијата на земјоделци и стручната јавност, подготви и донесовме 10 годишна стратегија за развој на лозарството и винарството, како и подготовока на целосно нов закон за вино, кој веќе е во собраниска процедура и се чека негово усвојување.

Два важни документи, кои јасно ја пишуваат нашата визија како македонското вино да го искачиме уште повисоко на винската мапа и уште повеќе да го развиваме винскиот туризам.

Од малата винарија Брзанов министерот Николовски упат порака до пратенциите во брз рок да го донесат новиот закон за вино. Станува збор за важно законско решение, со кое лозарите добиваат со закон гаранитрана откупна цена, но и нова посебна програма за финансиска поддршка на овие два важни сектори.

„Мерките креирани за поддршка на винскиот сектор изминативе години дале резултати. Позиционирајќи ја нашата држава на 13 место во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино. Од година во година бележејќи раст на извозот флаширано вино. Ние сме винска земја со многу успешни вински приказни. Нашите вредни лозари под македонското сонце го одгледуваат нашето грозје, од кое се прави убавото македонско вино, по кое сме препознаени во светот“, истакна министерот Николовски.

Нашата поддршка за малите винарии не застанува. Ја продолжуваме и оваа година, обезбедувајќи грант поддршка за набавка на опрема за производство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.