Пруга во должина од 22,4 километри за која е предвидено да чини 560 милиони евра, а завршува во тунел кој нема излез на другиот крај. Ваква е состојбата со пругата кон Бугарија, дел од Коридорот 8, за која на прес-конференција, алармираше новиот министер за Транспорт и врски, Александар Николоски.

Повикувајќи се и цитирајќи податоци од „Ревизорскиот извештај за реализација на капитални инвестиции“ изготвен од Државниот завод за ревизија, Николоски информира дека самиот проект наместо првично планираните 340 милиони евра е со со зголемена предвидена цена за 220 милиони евра. Со тоа е дојдено до сума според која, како што истакна Николоски, оваа пруга ќе биде најскапата во светот во однос на цената за изградба на еден километар.

Истовремено, целата тендерска постапка за овој проект се спроведува во време на избри, односно почнат е во момент кога, иако не беа официјално распишани, беше познато дека ќе има избори, а токму на денешниот ден, кога новата влада е во својот трет ден од стапувањето на функција, е последниот ден до кога се доставуваат понуи на тенедерот.

Денешниот ден е последниот ден кога според законските одредби, мандатарот требаше да го достави составот на новата влада, што покажува дека целата постапка е планирана да биде спроведен во изборниот период, односно во моментите кога се уште нема да има нова влада.

 

Освен што цената на постапката е зголемена за 220 милини евра, проектот, кој опфаќа изградба на пругата од пред Крива Паланка до границата со Бугарија, предвидува пругата да поминува низ самиот град, поради што ќе треба да бидат срушени десетици куќи, да се селат луѓе.

 

Дополнително, според проектот, пругата завршува во тунел без излез на другиот крај. односно од македонска страна се предвидува влезот во Бугарија да биде преку рунел, но од другата страна, Бугарија нема ниту проект за тунелот од нивна страна. Затоа, прашање е дали кога ќе го прават проектот, ќе предвидат ваков тунел или не, како и дали воопшто од нивна страна е возможна изградба на тунел или ќе има некои тешко премостливи пречки“, реагира Николоски.

Министерот, сепак, посочи дека засега ниту тој, ниту Владата, не може да направи ништо за евентуално поништување на оваа постапка. Николски најав дека ќе иницира процес на евалуација заедно со меѓународните кредитори, за се разговара за ревидирање на проектот.

Николоски го повика Јавното обвинителство да го испита работењето на ЖРСМ Инфраструктура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.