Во вчерашното гостување потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија го појасни значењето на брзата пругата која треба да се изгради во државата. Пруга има и таа е по долината на Вардар, но не е на ниво на кое што би требало истата да биде. Изградбата на брза пруга за Македонија ќе значи поголем развој, стратешко позиционирање на државата и гарантирање на стабилноста и безбедноста.

Доколку се изгради оваа брза пруга тоа ќе значи за Македонија еден огромен развој и стратешко позиционирање на државата и гарантирање на стабилноста и безбедноста на државата. Затоа што никој нема да си дозволи да Македонија има нестабилност кога една главна артерија, главен крвоток ќе поминува по нејзината средина, нагласи Николоски.

Економскиот контекст е многу едноставен, само условно кажано од патарина односно од тоа што ќе може Македонија да наплаќа за користење на таа железница ќе добие многу средства. А, да не зборувам за привлекување на домашни и странски инвеститори кои што ќе сакаат да инвестираат доколку знаат дека нивната роба за неколку часа може да стигне во Виена, во Будимпешта, во Берлин и да се продава таму. А, целиот тој простор ако го видите од границата со Србија, до границата со Грција со исклучок на градот Скопје, Велес и Гевгелија, останатиот простор е празен и е идеален за развој на огромна индустриска зона од двете страни на пругата и на автопатот кој што веќе постои. Така што комбинација на автопат, брза пруга и четири аеродроми на релативно блиска оддалеченост, солунскиот аеродром, скопскиот аеродром, нишкиот аеродром и белградскиот аеродром ќе значи еден силен економски развој за целиот овој регион за кој што не сум сигурен дали власта разбира – појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ЕУ би го финансирала овој проект од повеќе причини, тука е и зелената агенда каде што ЕУ донесе заклучок дека до 2050-та година да стане целосно СО2 неутрална тоа значи да нема издувни гасови кои што загадуваат. А, најмногу издувни гасови има од авионите, а нормално има и од возилата, но во главно se од авионите. И ЕУ ќе работат на развој на пруга со цел авионскиот превоз да се намали и да стане скап за да на тој начин да се намали загадувањето.

И сега кога сите овие работи ќе ги ставите во контекст и кога ќе ги имате пред себе, а јас кога како опозиција ги знам и ги имам, од власта треба помножено со 10 да ги имаат и да ги знаат, тогаш треба да се вклопите во нив и да не измислувате работи кои што не се прифатливи за никого, туку само да влезете во системот и да побарате од ЕУ да го финансираат тоа што е ваш ама и нивен интерес – заклучи Николоски.

Николоски рече дека пругата ќе значи голема инвестиција во рамки државата, од Скопје до Солун е околу две ипол милијарди евра проценета вредност и на истата ќе работат домашни македонски компании.

Ние мора ова да го направиме и ЕУ се надевам дека ќе помогне да се направи – истакна тој.

Николоски додаде дека власта не може се уште автопатот Кичево – Охрид да го изгради, а не пак брзата пруга. Тој надеж во оваа Влада нема. Овој проект ќе го реализира идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.