Според некои проценки, 40% од успешните компании кои работат денес ќе престанат да постојат во следната деценија доколку не најдат начин да ги трансформираат своите операции и да се прилагодат на новите технологии. Успехот намалите и средни претпријатија (МСП) во Македонија, како и нанивните колеги од целиот регион, зависи од нивната способност да се прилагодат на новите технологии и да користат дигитални алатки за подобрување на продуктивноста и конкурентноста.

Согледувајќи ја оваа клучна потреба, организацијата GoDigital, која беше создадена како проектна фондацијата Macedonia2025, се зафати да го трансформира дигиталниот пејзаж за малите и средни претпријатија во Македонија. Повеќе за ова ни кажа Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на Macedonia2025.

Визијата зад GoDigital

Главната цел на GoDigital е да ја води и поддржи дигиталната трансформација на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија. Оваа програма не е само иницијатива – тоа е стратешки потег насочен кон интегрирање на бизнисите во глобалната економија преку опремување со потребните алатки и знаење за да успеат во ерата на индустријата 4.0.

Како дел од една поширока визија, GoDigital има за цел да го забрза економскиот раст, да го подобри деловното опкружување и да ги поттикне иновациите во домашните компании. Оваа визија е во согласност со сеопфатните цели на Macedonia2025, која се залага за брз економски развој и создавање подобри деловни можности во регионот, вели Никица Мојсоска-Блажевски.

Организацијата Macedonija2025 и компанијата Visa, заедно со другите партнери, КИБС АД и ИМЕ (проект на швајцарската влада во Cеверна Македонија), го започнаа GoDigital, кој вклучува финансиска поддршка преку грантови од 6.000 до 10.000 евра и експертска поддршка преку менторство и креирање на стратегија за дигитална трансформација од меѓународно сертифицирани консултанти. Бизнисите веќе аплицираат во голем број, но повикот сè уште е отворен на следниот линк.

Кој треба да аплицира за GoDigital?

GoDigital е наменет за компании кои се подготвени да го подигнат нивото на нивната дигитална трансформација и да ги подобрат своите деловни процеси преку усвојување на нови технологии. Првично, фокусот ќе биде ставен на успешни постоечки компании со над 10 вработени, позитивни финансиски резултати и подготвеност за прифаќање на дигиталните алатки. Предност ќе имаат производствените компании кои вообичаено создаваат поголема додадена вредност, како и компаниите со потенцијал за извоз, вели Никица и додава дека во мала економија како што е македонската, извозот е клучен за зголемување на производството и раст на компаниите. Затоа GoDigital става голем акцент на поддршката на компаниите со извозни амбиции, бидејќи тоа е единствениот начин да се забрза економскиот раст на национално ниво.

Улогата на консултантите во иницирање дигитална трансформација

GoDigital избра консултанти врз основа на нивното искуство и експертиза за подобрување на деловниот успех, како и нивното знаење во областа на дигиталната трансформација. Нивната улога е да ги водат бизнисите низ процесот на дигитализација, нудејќи приспособени решенија и обука за тоа како да користат нови технологии за подобрување на деловните перформанси.

Покрај техничките аспекти, консултантите играат клучна улога во менувањето на начинот на размислување на менаџментот и вработените. Тие ги прошируваат хоризонтите на компанијата, покажувајќи им ги сите можности што ги нуди дигитализацијата и мотивирајќи ги да ја гледаат дигиталната трансформација како континуиран процес, а не како еднократна интервенција, објаснува Никица Мојсоска-Блажевски.

Важноста на поддршката на компанијата зауспехот на иницијативата

Успехот на GoDigital зависи од активното учество и посветеност на компаниите, особено нивниот менаџмент. Само со нивна посветеност и вложување може да се постигнат посакуваните резултати. Клучот е компаниите да ја преземат сопственоста на процесот на дигитална трансформација, наместо да бидат пасивни учесници во промените што ги спроведуваат надворешни консултанти.

Директорот на GoDigital забележува дека менаџерските тимови мора да ги прифатат промените, да веруваат во нив и да разберат дека континуираното прилагодување на деловните операции е неопходно за долгорочен успех. Комбинацијата од менторство, совети и финансиска поддршка обезбедена од GoDigital нуди сеопфатен пристап кон дигиталната трансформација со долгорочни придобивки за учесниците во програмата.

За пошироката економија, дигитализацијата на бизнисите може да доведе до зголемена конкурентност, повисоки стапки на вработеност и бран на иновации. На крајот на краиштата, ова придонесува за подобрување на животниот стандард на општеството како целина.

МСП претставуваат 90% од сите бизниси на пазарот, обезбедуваат над 70% од работните места и придонесуваат со 50% во глобалниот БДП. Тие се срцето и столбот на економијата во повеќето општества, објаснува Ана Драшковиќ, потпретседател и генерален директор на Visa за регионот на Југоисточна Европа и додава дека ги поканува сите да аплицираат бидејќи оваа иницијатива има за цел да обезбеди значителен поттик за малите и средни бизниси преку олеснување на нивната транзиција кон дигитални платформи и преку подобрување на нивните економски и организациски перформанси.

Состојба на дигитална трансформација и следните чекори

Дигиталната трансформација во Македонија е сè уште во рана фаза, со значителен простор за подобрување. Една од клучните улоги на GoDigital е да создаде свест за потребата од дигитална трансформација и да помогне во развојот на еко-систем кој се надеваме дека ќе функционира независно од субвенционираната поддршка во иднина.

Сепак, дигитализацијата на претпријатијата не е доволна за да се создаде дигитално општество. Владата треба да усвои и дигитални практики, нудејќи дигитални услуги и за бизнисите и за граѓаните. Покрај тоа, граѓаните мора самите да стекнат нови вештини. Иднината на македонската економија зависи од холистички пристап кој вклучува подобрување на дигиталната инфраструктура, дигитализација на владините услуги и едукација на работната сила.

Никица заклучува дека само со прифаќање на овие промени, Македонија може да се позиционира како лидер во дигиталната трансформација на Балканот, обезбедувајќи нејзините мали и средни претпријатија да бидат конкурентни не само на локалниот, туку и на глобалниот пазар.


Комерцијална објава


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.