Владата вчера на седница донесе заклучок со кој е предвидена исплата на регресот за годишен одмор (К-15) за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари.

Оваа одлука, доаѓа имајќи ја предвид обврската за исплата на К-15 за 2022 година до крајот на месецов, но и со цел намалување на товарот врз Буџетот за судски и адвокатски трошоци кои произлегуваат од правосилните судски пресуди, но и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9 000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.