Бизнисменот и поранешен советник од ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини, за кого имаше обвинение за насилство, но, познат и по својата дивоградба кај Чинарот, денеска застана рамо до рамо со владините претставници и останатите гости кои присуствуваа на почетокот на изградба на новиот далновод во Битола.

Со камионот за малтер на фирмата „НЕФИ ИК“ сопственост на Усеини, се удри камен темелникот, а премиерот Ковачевски го стисна копчето од каде потече бетон. Фирмата на Усеини е подизведувач на сараевската компанија „Енергоинвест“ која ќе го гради 400 киловолтниот далновод од Битола до македонско-албанската граница, со кој ќе се поврзат електро-преносните системи на Македонија и Албанија, а е клучна алка во транзитот на електричната енергија од Бугарија, преку Македонија, низ Албанија, до Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.